Во решавање на бегалската криза неопходно е Австрија тесно да биде усогласена со Германија, но и да работи на заедничко решение, оценија денеска членовите на австриската влада.
Планот на Народната партија на Австрија (ОВП) за воведување на временски ограничен статус на азил, според австрискиот заменик канцелар Рајнхолд Митерленер, би можел наскоро да биде применет.
– Ние сме уверени дека азилот на одредено време наскоро ќе биде готов, истакна Митерленер пред денешната седница на владата.
Според плаот на ОВП статусот на азилнат во иднина треба да биде органичен на три години, по што повторно се анализира состојбата во земјата на потекло и се носи одлука дали статусот ќе биде продолжен.
Истовремено, Митерленер нагласи дека проблемот во Сирија се влошува. За време на зимските месеци ќе има простор да се извршат подготовки така што на пролет со заштита на надворешните граници на ЕУ и критичните точки успешно се насочи бранот на бегалци.
Австрискиот министер за вантрешни работи Јохан Микл-Лајтнер нагласи дека концептот на „транзитни зони“, разговаран во Германија, треба да биде разгледан и оценет.
Министерот за надворешни работи Себастијан Курц, во однос на тоа, истакна дека постои проблем бегалците од Грција да се пропуштаат. – Тоа е феномен што нема да го реши проблемот, поради што е неопходно тесно да се соработува со Германија и работи на целокупно решение, нагласи тој.