Австрија: Коњско месо откриено во кебапи и колбаси

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Властите на Австрија соопштија дека коњско место е окриено во кебапи и колбаси, а било продавано како говедско.

Австриска агенција за безбедност на храна АГЕС, наведе дека трагови на коњско место се откриени во фирмата Лила Гастроном, со етикета на говедско, телешко и мисиркино месо, кое се продавало во Виена.

Во јужната прокраина Корушка, коњското место е откриено во две врсти на колбаси кои ги произведува компанијата Јозеф Фрајтаг.

Колбасите се продаваат во Корушка и уште две покраини, а нивното повлекување од пазарот е во тек, наведе АГЕС.

Коњското месо е пронајдено и во три вида на тортелини, означено како говедско.

Агенцијата тестираше и шест готови производи од свинско место, а резултатите беа негативни.

Ланецот супермаркети „Клипункт“ наведе дека минатата недела ги повлече од продажба смрзнатите говедски лазањи од германската фирма ЗХГ, во кои потврди присуство на коњско месо.

Коњското месо во производите е означено како говедско а претходно беше откриено во неколку држави во Европа, а скандалот се прошири и до Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски