Австрија бара нови импулси во проширувањето на ЕУ

Од:

Европската унија мора да даде нови импулси во политиката на своето проширување со цел да покаже поголема европска перспектива за државите од Западен Балкан, кои се уште не се нејзини членки, изјави синоќа австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Говорејќи на собир во Виена по повод десетгодишнината од „големото проширување“ на ЕУ, кога во 2004 година во Унијата беа примени 10 источноевропски земји, Курц нагласи дека јасната европска перспектива се покажала како добар одговор за фрустрациите на многу граѓани од земјите од Запшаден Балкан.

Наспроти поддршката за приемот на западнобалканските земји, Курц изрази скепса кон евентуалното членство на Киев во Унијата, апелирајќи за преразгледување на моделите на партнерство кон поранешните советски република од Источна Европа, бидејќи, како што нагласи, стремежите за зачленување во ЕУ на земји како Молсавија и Украина „довеле до проблеми“.

– ЕУ мора и натаму да се развива за да не го загуби чекорот на меѓународен план, потенцира Курц во своето обраќање на собирот.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски