Австралиските новинари нема да одговараат за смртта на медицинската сестра

Од:

Двајцата радио водители кои лажно се претставија во болницата, во која што лежеше војвотката Кејт Мидлтон, нема да бидат обвинети за смртта на медицинската сестра која одговори на нивниот повикот, а подоцна се самоуби.

– По детално проучување на достапните докази, заклучивме дека нема докази коишто би го поддржале обвинението за убиството од небрежност, изјавил британскиот обвинител Малком Мекхафи, кој додал дека другите обвиненија не биле во јавен интерес.

Новинарите од Австралија, Мел Григ и Мајкл Кристиан во декември минатата година се јавиле во лондонската болница „Крал Едвард Седми“, претставувајќи се како кралицата Елизабета втора и принцот Чарлс.

Медицинската сестра Јакинта Салдана поверувала на лажното претставување и го пренасочила телефонскиот повик до лице кое што им кажало доверливи податоци за здравствената состојба на бремената војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

По два дена Салдана беше пронајдена мртва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски