Австралиските лабуристи го признаа поразот на изборите

Од:

Лидерот на австралиската опозиција Бил Шортен го призна поразот од премиерот Скот Морисон на парламентарните избори во Австралија.

Шортен во Мелбурн се обрати на приврзаниците на неговата Лабуристичка партија.

– Очигледно е дека Лабуристите нема да можат да ја формираат следната влада и така, во национален интерес, пред малку му се јавив на Скот Морисон и му честитав, рече тој.

Австралиските медиуми јавија дека според првичните резултати, коалицијата предводена од Либералите изгледа дека е на пат да освои најмалку 73 места во Претставничкиот дом со 151 место, а опозициската Лабуристичка партија најмалку 65 места. Остануваат 12 недоделени места.

За формирање на влада потребно е мнозинство од 76 места.

Предизборните анкети им даваа предност на опозициските Лабуристи на левиот центар и укажуваа дека коалицијата предводена од Либералната партија нема да успее да освои трет тригодишен мандат.

Околу 11 милиони Австралијци денеска гласаа за избор на нов состав на австралискиот Федерален парламент, по 36-дневна изборна кампања во која главни теми беа климатските промени и состојбата во економијата.

Жителите на Австралија избираа 40 од вкупно 76-те членови на Сенатот и сите 151 членови во Претставничкиот дом. За сенаторските места се бореа 458, а за членови на Долниот дом вкупно 1.056 кандидати.

Гласањето се одвиваше на околу 7.000 избирачки места во континенталниот дел на земјата и во прекуморските територии, вклучително и на Антарктикот.

Австралија е една од ретките земји во кои гласањето е обврзно, па така излезноста секогаш е голема. Казната за неизлегување на избори изнесува 20 австралиски долари (14 американски долари).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа