Австралискиот премиер им се извини на жртвите на сексуално злоставување во парламентот

Од:

Премиерот на Австралија, Скот Морисон денеска од парламентарната говорници им се извини на жртвите на сексуално недолично однесување, или насилство, меѓу кои и Британи Хигинс, која, како што тврди, беше силувана во Парламентот 2019 година.

– Ѝ се извинувам на госпоѓа Хигинс за страшните работи што се случиле тука. Место, што би требало да биде безбедно, а се претвори во кошмар, изјави Морисон, додека Хигинс обраќањето го следеше во живо од галеријата во законодавниот дом.

Тој додаде дека им се извинува и на сите останати жртви, „оние пред госпоѓа Хигинс, но таа имаше храброст да преговори за тоа“.

Хигинс инспирираше десетици илјади луѓе да се придружат на протестите лани, откако излезе во јавноста со обвинувања дека била силувана во канцеларијата на нејзиниот шеф. Кога пријавила за силувањето, поддршката била мала и следувало притисок за да ја напушти својата работа.

Истражувањата подоцна покажаа дека еден од тројца вработени во Парламентот биле жртви на сексуално вознемирување.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски