Австралиски војници не влегле во Ирак бидејќи не им била обезбедена заштита од властите

Од:

Двесте австралиски војници од специјалните единици, испратени за борба против екстремистите од групата Исламска држава (ИД) во Ирак, не влегле во земјата бидејќи властите во Багдад не им обезбедиле доволно легална заштита, изјави денеска австралискиот премиер Тони Абот.

– Австралиските војници, кои треба да и помогнат и да ја советуваат ирачката армија, од средината на септември се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и чекаат без никаков ангажман, бидејќи не е постигнат договор за нивниот легален статус, истакна Абот.

Премиерот изрази увереност дека ќе биде постигнат договор, но се уште не е јасно зошто преговорите се оддолжуваат и зошто Канбера настојува за правни заштитни мерки, кои останатите коалициски партнери јавно се подготвени да ги запостават.

Австралиски авиони-ловци веќе учествуваат во воздушните напади врз цели во Ирак, као дел од меѓународната коалиција, предводена од САД, за борба против џихадистичката група.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски