Австралиските власти заплениле повеќе од 30 тони дроги во периодот од први јули 2017 до 30 јуни 2018 година, покажуваат статистиките на тамошната полиција.
Според последните податоци објавени во денешен извештај на полицијата, рекордни 30,6 тони дрога се запленети во финансиската 2017-2018 година, што претставува зголемување од 11,3 отсто од претходната година кога биле запленети 27 4 тони дрога.
Во текот на годината имало 112.827 полициски акции за запленување дрога и 148.363 апсења. Во просек секои 17 минути се запланувал по еден килограм дрога, а на секои четири минути имало по едно апсење.
Амфетамините биле нејчесто запленуваната дрога, со вкупно запленети 11.205 килограми.
На границите на континентот имало 5.096 национални запленувања на кокаин и 17.383 на канабис.
-Проценетата улична вредност на запленетите анфетамини, МДМА, кокаин и хероин изнесува речиси пет милијарди австралиски долари (3,3 американски долари). Знаеме дека организираните криминални групи и натаму остваруваат значителни профити од продажбата на илегалните дроги, а цената што се плаќа во Австралија е меѓу највисоките во светот, се наведува во извештајот, пренесува Ксинхуа.