Австралиската држава Квинсленд го легализира абортусот

Од:

Парламентот на австралиската држава Квинсленд го легализираше абортусот по кампања која траеше половина век.

Со 50 гласа „за“ и 41 „против“, Парламентот на оваа најконзервативна австралиска држава усвои закон со кој на жените им се дозволува да направат абортус до 22 недели бременост. По овој период, абортусот мора да биде одобрен од лекар.

Со Законот се воведува и периметар за безбедност од 150 метри околу клиниките за абортус во кој се забрануваат протести. Лекарите кои ќе одбијат да направат абортус се должни да ги упатат жените на друг лекар.

Заштитиниците на правото на абортус од 1970-тите се бореа за укинување на законот од 1899 година, од времето на британскиот колонијализам, со кој абортусот се сметаше за „навреда за моралот“. Сепак, жените кои имале направено абортус ретко биле судски гонети.

По оваа одлука на Парламентот на Квинсленд, единствената австралиска држава која се уште го забранува абортусот е Нов Јужен Велс, но тој закон ретко се применува.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа