Австралија соопшти дека неодложно достави дополнителни седум милиони австрлиски долари за помош на меѓународните напори за борба против епидемијата од ебола во Западна Африка.
Земјата веќе се ангажира да достави еден милион австралиски долари.
Новите средства вклучуваат два милиони австралиски долари, побарани од Велика Британија за финансирање медицински услуги во Сиера Леоне.
Други 2,5 милиони австралиски долари ќе бидат за Светската здравствена организација (СЗО) за таа намена, а уште 2,5 австралиски долари на оранизацијата „Лекари без граници“.