Австралија нема да учествува во копнените воени операции во Ирак

Од:

Австралија не планира да учествува во копнените воени операции во Ирак, изјави денеска австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, која пристигна во посета на Багдад.

– Тоа не го ни побарале од нас, истакна таа по средбата со ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари.

– Ќе ја доставиме само помошта, што ја побара ирачката Влада од нас, додаде таа.

Австралија кон крајот на септември испрати во базата на воено-воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати 400 војници и осум авиони, а на 3. октомври Владата одобри учество и во воените операции во Ирак.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски