Австралија ќе тестира 100.000 луѓе за коронавирус во предградија на Мелбурн

Од:

Австралиските здравствени власти ќе почнат со тестирање од врата до врата на повеќе од 100.000 жители на повеќе предградија на Мелбурн, каде се појави жариште на коронавирусот кое се заканува да го поништи досегашниот успех на земјата во борбата против вирусот.

Државата Викторија денеска соопшти за 33 нови случаи, што е најголемото дневно зголемување во повеќе од два месеца.

Премиерот Даниел Ендрус вели дека целта на тестирањето е да се соберат примероци од половина од сите жители во десет предградија на Мелбурн. Според него, целта е да се тестираат 10.000 луѓе дневно во следните 10 дена. Тестовите се бесплатни и премиерот ги повикува луѓето да се тестираат и да го разберат тоа како граѓанска должност.

Во оваа операција помагаат повеќе од 1.000 воени лица, додека другите држави ќе помогнат во обработката на резултатите од тестот. Австралија досега забележа над 7.500 случаи на заразени од коронавирус, како и 104 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он