Австралија ја продолжи забраната за патување за три месеци

Од:

Австралија соопшти дека ќе ја продолжи забраната за патување за уште најмалку три месеци за да ја заштити земјата од ширењето на коронавирусот.

Ограничувањата за посетителите од целиот свет беа воведени во март, а на Австралијците и на оние со постојан престој, исто така, им е забрането да ја напуштаат земјата освен ако не им се одобри изземање, пренесува Хина.

По совет на австралискиот здравствен орган АХППЦ, министерот за здравство Грег Хант соопшти дека забраната ќе биде продолжена барем до 17 декември.

– АХППЦ наведува дека ситуацијата со Ковид-19 продолжува да претставува неприфатлив ризик за јавното здравје … Продолжувањето на вонредниот период е соодветен одговор на тој ризик, рече тој.

Пратениците од опозицијата се спротивставија на одлуката, велејќи дека владата го игнорира прашањето за 23.000 Австралијци кои престојуваат во странство.

Портпаролката на лабуристите, Кристина Кенели денеска го обвини премиерот дека ги „оставил луѓето“.

Досега во Австралија од Ковид-19 починаа 737 луѓе, а заразени 26.049 од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он