Австралија: Две лица уапсени во Сиднеј под обвинение за тероризам

Од:

Австралиски суд денеска ги одби барањата за одредување кауција на двајца жители на Сиднеј, уапсени под обвиненија поврзани со тероризам, јави ДПА.

Сулејман Халид, 20 години, е обвинет за поседување документи, што имале за цел да се олесни терористички напад. Халид, познат како Абу Бакр, на јавноста е познат откако скандалозно напушти едно тв шоу, облечен во црно палто со знамето на „Исламска држава“ поради прашање дали ги поддржува борците на екстремистичката група во Сирија и Ирак.

Халид повторно ќе биде изнесен пред суд на 18 февруари. Според австралиските медиуми кај него бил отркиен список со евентуални цели за терористички напади.

Вториот осомничен, на 21-годишна возраст, останува со скриен идентитет поради првни причини. Тој е обвинет за кршење на судска наредба, и на него му се ограничува движењето и пристапот до компјутер и телефон.

Двајцата се уапсени во рамки на продолжената антитерористичка операција против група од 15-20 мажи во Сиднеј, чија идеологија е поврзана со ИД. Во рамки на операцијата досега се уапсени 11 лица.

Австралиските власти досега одзедоа пасоши на над 70 австралиски државјани, со цел да ги спречат да заминат да војуваат на странат на ИД во Ирак.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски