Силна бура во текот на викендот ги погоди градовите во источниот дел на Австралија. Во регионот на Сиднеј се поплавени неколку стотици куќи, учишита, згради, а уништени се и кровови на повеќе објекти.
Најтешко погодени населби во Сиднеј се Малабар, Чифли и Рендвик.
Жител на Кирибилија опиша дека налетот од ветер бил толку силен што носел покриви и уривал дрва.
-Се слушаше како да поминува воз. А целата појава ја пратеше црн облак со ширина помеѓу 50 и 100 метри – изјави тој.
И покрај тоа што дојде до намалување на врнежите во недела, метеролозите истакнуваат дека се уште постои опасност од поплави.
Спасувачката екипа со хелихоптер неколку пати интервенирала и спасила повеќе семејства. Неколку луѓе се извлечени од автомобили кои водата почнала да ги носи, а меѓу нив се и двајца јапански туристи.
Околу 100 патицни во воз од Сиднеј биле блокирани на пруга речиси 17 часа, поради скршени дрва и неколку одрони.
Во целата држава издаден е налог за евакуација на околу 19.600 луѓе, поради очекување на раст на водите.
Страшната водената стихија однесе два живота.
Елена Георгиевска