Австралија објави рекордни 501 нов случај на инфекција со коронавирус за последните 24 часа. Најголем дел од позитивните примероци се забележани во државата Викторија, каде властите се борат да ја контролираат појавата на епидемијата во Мелбурн, иако вториот по големина град во Австралија е блокиран веќе две недели.
Претходно, ситуацијата ескалираше во земјата на 28 март, кога властите евидентираа 459 случаи за еден ден.
До денес, Австралија е земја во која се евидентирани над 13.000 лица заразени со вирусот, додека вкупно 128 лица починале како директна последица од Ковид-19, пренесуваа локалните медиуми.