Австралиец го пријавил својот татко во полиција поради тоа што ги запалил насадите марихуана

Од:

Момче од Австралија повикало полиција откако неговиот татко ги запалил неговите насади од канабис на семејниот имот, кој се наоѓа близина на градот Дарвин, соопшти денеска полицијата во федералната австралиска покраина Северна Територија.

Во извештајот се наведува дека, откако избила семејната кавга, „драгоцената билка“ била запалена во знак на одмазда. Сепак, нетрпеливоста помеѓу таткото и синот траела откако таткото скоро се вратил дома, по напуштањето пред подолго време.

– Полицијата излезе на местото на настанот и констатираше дека таткото навистина ја запалил марихуаната. Синот беше огорчен и бесен. Нејасно е само дали воопшто беше свесен дека поседувањето канабис е незаконско и дека би можело против него да биде покренато обвинение, изјави полициската началничка Луиз Џоргенсен.

Таа додаде и дека синот потоа изјавил дека уништувањето на „билките“ е далеку полошо од самото одгледување на канабисот.

„Обвиненија засега не се покренати, бидејќи доказите се уништени“, стои во сопштението.  

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски