Во американскиот град Савана, во државата Џорџија, се урна мал авион при што загина пилотот, а еден патник е повреден, јави ABC News.
Несреќата се случила во населбата Ламара Хајтс, според информациите објавени од локалната полиција. За среќа, никој на теренот не е повреден, а Федералната управа за авијација (FAA) ќе спроведе дополнителна истрага.
Пожарникарите на Унијата на Савана објавија на Фејсбук дека добиле извештај за падот околу 21:46 часот.
Кога пристигнале пожарникарите, пилотот и патникот се уште биле заробени во авионот.
– Постапивме брзо за што поскоро да ги извадиме и да обезбедиме итен транспорт до болницата, се вели во нивното соопштение.
Областа ќе остане затворена додека не заврши истрагата и не се отстрани авионот, рекоа официјални лица.