Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Од:

Мал авион се урна во станбена зона во Манхајм, град во Пенсилванија (САД). Според првичните информации на американските медиуми, голем број луѓе се повредени.

Авионот паднал на паркинг, а по несреќата избувнал пожар. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од запалените остатоци од авионот.

Порталот 6abc.com објави дека авионот полетал од блискиот аеродром во 15 часот и 15 минути и се урнал веднаш по полетувањето од непознати причини.

Засега не е официјално познато колку патници имало во авионот и дали некој на земјата е повреден во авионската несреќа.

Би можело да ве интересира

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Иран одговори на планот од 15 точки на Трамп и ги објави своите услови за завршување на војната

Иран: Нема преговори со САД

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица