Авионот со петмина Американци ослободени од притвор во Иран слета во Америка

Од:

Авион со пет Американци, ослободени од притвор во Иран, слета денеска во Америка, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на американски официјален претставник.

Пет американски државјани го напуштија Иран во понеделникот и слетаа во Доха, како дел од размената на затвореници со Америка и одмрзнувањето на иранскиот имот во вредност од шест милијарди долари.

Иранската телевизија во понеделникот објави дека петмина ирански државјани, кои биле во притвор во САД, се ослободени.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека само двајца ирански државјани се враќаат во Иран, додека двајца побарале да останат во САД, а петтиот рекол дека сака да оди во неименувана земја за да му се придружи на своето семејство.

Би можело да ве интересира

Мнозинството Американци живеат „од плата до плата“

Се намалува очекуваниот животен век во САД

Трамп бара од државните агенции да вработуваат Американци наместо странци

Жарко Настоски