Авионот на рускиот министер за одбрана не доби дозвола за прелет над Полска и Украина

Од:

Авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој полета од Братислава за Русија, се врати во словачкиот главен град откако Полска и Украина не му дадоа дозвола за прелет.

Тоа го потврди МВР на Словачка. Во соопштение на Министерството се вели дека на Шојгу му било предложено да биде однесен до Амбасадата на Русија, но тој останал во авионот.

Од прес службата на оперативната Команда на полската армија појаснија дека авионот на рускиот генерал не добил дозвола бидејќи летот бил најавен какао цивилен, а не како воен. Според локалните закони, прелет на странски воен авион над Полска треба да биде закажан 72 часа претходно.

Би можело да ве интересира

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите