Авионот на „Ер Канада“, кој принудно слета на аеродромот Халифакс поради снежната бура, се влечел 330 метри со трупот, пред да запре надвор од пистата.
Дваесет и пет патници се хоспитализирани заради набљудување и лекување на лесни повреди, соопшти авиокомпанијата.
Мајк Канингам, регонален менаџер на Управата за безбедност на сообраќајот на Канада изјави на прес-конференција дека авионот удрил повеќе антени и се лизгал 330 метри пред да запре.
Од Управата за безбедност на сообраќајот покажаа снинки на авионот, кој претрпел сериозни штети, предниот дел е оштетен, а еден од моторите бил смачкан под повреденото крило.
Според Канингам при слетувањето најверојатно бил погоден и далновод, што доведе до привремен прекин на дотокот на струја за аеродромот.
Авиокомпанината соопшти дека 24 патници биле испишани од болница, а само еден останал на лекување.
– Сите ние во „Ер Канада“ сме мошне благодарни дека нема посериозни повреди во овој инцидент, изјави претставникот на компанијата, Клаус Горш.
Сто триесет и тројца патници и петмина членови на екипажот патувале на летот АЦ62 со Ербасот 320. Авионот полетал од Торонто доцна во саботата и слетувал во услови на снежна бура вчера.