Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен мораше да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација што ја предводи заминаа со автомобил во Брисел на состанокот на НАТО.
Блинкен замина на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО алијансата, кој започнува денеска, објави портпаролот на Стејт департментот, пренесе Ројтерс.
Тој имал проблем и со авионот со кој пристигнал на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, поради што морал да остане во Швајцарија подолго од планираното.
По повод 75-годишнината од основањето на НАТО, денеска во Брисел почнува дводневна средба на министрите за надворешни работи на нејзините членки.