Авион украден во Мексико, се урна во Гватемала

Од:

Група крадци презеле деловен авион во Мексико и со него се упатиле кон Венецуела, најверојатно заради криумчарење дрога со леталото. Но, потоа тоа се урнало во Гватемала.

На местото каде што се срушил авионот, гватемалските истражни тела пронашле четири тела, кои сè уште не се идентификувани. Во опожарениот остаток од авионот имало дрога и оружје.

Авионот „БАЕ 125 Хокер 800“ бил украден во вторникот од приватен хангар на аеродромот во мексиканскиот град Куернавака, од каде што насилниците и полетале без дозвола. Пред да влезе во Гватемала, авионот за кусо слетал во Венецуела, позната како жариште за криумчарење кокаин. Причината за несреќата во Гватемала, која се случи во средата, сè уште не е утврдена.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

(ВИДЕО) Најмалку 51 лице загина откако автобус падна од мост во Гватемала

А1он