Авион не полетал поради премногу машки патници

Од:

 Претставници на авиокомпанијата „Изиџет“ замолиле четворица мажи да се симнат, за да може авионот, во кој имало премногу машки патници, да полета.

Авионот требал во петокот да полета од Ливерпул за Женева, јави британскиот весник „Индепендент“. Меѓу патниците биле повеќе мажи отоколку жени, па премногу тешкиот авион не можел да полета.

Пилотот им се обратил на патниците и замолил четворица доброволци да се симнат. Патниците подоцна добиле по 120 евра отштета.

За тежината на патници, авиокомпаниите обично сметаат 86 килограми по маж, 70 по жена и 35 по дете.

Во овој случај во авионот имало 135 мажи, а само 19 жени, што е многу невообичаена ситуација, наведоа претставниците од „Изиџет“.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран