Авион на „Ер Канада“ излетал од писта, нема настрадани

Од:

Патнички авион од типот „Ербас“ на компанијата „Ер Канада“ рано утрово излетал од пистата за време на слетувањето на аеродромот во канадскиот град Халифакс, пренесуваат светските медиуми.

Во несреќата нема загинати, но 25 патиници биле веднаш префрлени во болница. Никој од нив не бил во животна опасност.

Во авионот имало 132 патници и пет членови на екипажот. Ербасот на „Ер Канада“ летал од Торонто, и на аеродромот во Халифакс слетал кратко по полноќ, кога, според привчните информации, наводно удрил во електричен столб.

„Авионот лошо слета“, изјавил портпаролот на аеродромот во Халифакс, Питер Спарвеј, пренесува „ХРТ“.

Аеродромот во Халифакс веднаш бил затворен. Ви моментот на несреќата, како што пренесуваат медиумите, паѓал снег и видливоста била значително намалена.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација