Европскиот Парламент ги презентираше кандидатите за овогодишната награда Сахаров која секоја година се доделува за слобода на мислење.
Номинирани оваа година се авганистанските жени, рускиот опозиционер Алексеј Навални, поранешната претседателка на Боливија, Жанин Ањез, и активистката Султана Каја од Западна Сахара која се наоѓа во домашен притвор.
Европскиот Парламент секоја година ја доделува наградата на лице или организација кои се борат за слобода на мислење и човекови права. Минатата година добитник беше опозицијата во Белорусија.
Наградата се доделува од 1988 година.
Резултатите ќе бидат соопштени кон средината на декември.