Авганистанските власти се подготвени за преговори со талибанците во Кабул, Турција или Саудиска Арабија

Од:

Авганистанските власти се подготвени да почнат преговори со талибанците за мирно решавање на долгогодишниот конфликт, јави ИТАР-ТАСС.

Средби меѓу двете страни може да се организираат во Кабул, Турција или Саудиска Арабија, се наведува во соопштението објавено по синоќешниот состанок на авганистанското Министерство за надворешни работи.

Телевизијатa „Толо“ денеска објави дека властите во Кабул се подготвени да почнат контакти со талибанците со цел за забрзување на преговарачкиот процес.

– Ако талибанците не се согласни да дојдат во главниот град, средбата може да се одржи во некоја муслиманска земја, по можност Турција или Саудиска Арабија, соопшти министерството за надворешни работи.

Последниот обид на Кабул да воспостави контакт со Талибанците во посредство на САД пропадна во месец јуни. Тогаш талибанците отворија канцеларија во катарскиот главен град Доха, но преговорите никогаш не почнаа.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан