Авганистанските власти соопштија дека владина екипа ја истражува смртта на најмалку 28 луѓе, првенствено жени и деца, убиени во средата, откако војници гранатирале свадба во јужната провинција Хелманд.
Екипата е испратена во округот Сангин, откако првичната истрага утврдила дека војниците гранатирале куќа од два правца.
Командантот на армијата во Хелманд генерал Султан Махмуд тврди дека сите војници во реонот за време на инцидентит се наоѓале во базата.
Четворица војници, меѓу кои еден офицер се уапсени и се однесени во главниот град на провинцијата Лашкар Гат на испитување.
Спорет портпаролот на полицијата во Хелманд очевидци тврдат дека бунтовници го нападнале контролен пункт, а армијата возвратила, а една граната паднала врз куќата каде имало свадба.
Други очевидци тврдат дека гранатирањето почнало кога гостите почнале да пукаат во воздух.