Авганистанските талибанци го осудија нападот врз училиште во Пешавар

Од:

Авганистанските талибанци го осудија денешниот напад на пакистанските талибанци на воено училиште во Пешавар, при што беа убиени 141 лице.

– Намерното убиство на невини луѓе, деца и жени е спротивно на основните правила на исламот, изјави портпаролот на авганистанските талибанци Забиула Муджахид.

Пакистанските и авганистанските талибанци, иако дејствуваат самостојно, се во сојуз за соборување на владите во двете земји и воспоставување на исламски режим.

Вооружени талибанци во напад врз военото училиште во Пешавар, во северозападен Пакистан, денеска убија 141 лице, од кои 132 ученици, а пакистанските безбедносни сили по осумчасовна акција ги ликвидираа сите напаѓачи.

Портпаролот на пакистанската армија Асим Баџва изјави дека во нападот загинале 141 луѓе, од кои 132 деца и деветмина членови на училишниот персонал. Тој посочи напаѓачите носеле и експлозив на себе.

Талибанците соопштија дека во училиштето испратиле шест вооружени луѓе, кои на себе носеле и експлозив. Во училиштето имало околу 500 ученици и професори.

Портпаролот на талибанците Мохамед Курасани во телефонски разговор со пакистанските медиуми ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека бил изведен во знак на одмазда поради нападите на пакистанската армија врз семејствата на милитантите.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски