Авганистанскиот претседател во март ќе се сретне со Обама

Од:

Американскиот претседател Барак Обама на 24-ти март во Белата куќа ќе го прими својот авганистански колега, Ашраф Гани и тоа во момент кога САД ја споменуваат можноста за бавно повлекување на своите сили од Авганистан.

Како што се наведува во соопштението на Белата куќа, при оваа прва посета на Гани на Вашингтон, двајцата претседатели ќе разговараат на теми за безбедност и економска соработка. Инаку американскиот министер за одбрана, Ештон Картер кој минатата недела престојуваше во Авганистан, напомена дека постои можност од бавно повлекување на американските сили од државата, со цел да не се доведе во опасност „напредокот кој што е постигнат на терен“.

САД моментално во Авганистан имаат 10.000 војници и тој број до крајот на 2015 година би требало да се намали за половина, пред целосното повлекување кон крајот на 2016 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски