Авганистански војник уби двајца припадници на меѓународните НАТО сили во Авганистан, на запад на државата, со што го зголеми бројот на се почестите инсајдерски напади.
Нападите на припадниците на авганистанските безбедносни сили на нивните колеги или војниците од составот на ИСАФ-меѓународните НАТО сили ја поткопуваат довербата во домашните вооружени единици кои треба да ја преземат одговорноста за безбедност во државите од странските трупи кои би требало да се повлечат.
Во соопштението на НАТО не се наведени националностите на двајцата загинати, ниту пак детали за инцидентот.
Претходно штабот на меѓународните сили објави дека пет Американци од составот на НАТО се убиени на југот на Авганистан, кога експлодирала бомба, која што била подметната на патот.
Елена Георгиевска