Авганистански полицаец уби седуммина свои колеги на контролен пункт во јужниот дел од државата.
Нападот бил извршен во градот Тирин Кот, во јужната провинција Урузган. Полицаецот кој отворил оган врз своите колеги имал врски со талибанците. По нападот ги украл оружјето од убиените колеги и избегал во непознат правец.
Нападот следува откако авганистански војник вчера пукаше врз војници од НАТО во база во близина на Кабул. Во тој напад загина американски генерал, а негов германски колега беше ранет.