Авганистанската војна ја чини Велика Британија околу 37 милијарди фунти

Од:

Војната против талибанците и обезбедувањето стабилен мир во Авганистан, ја чини Велика Британија околу 37 милијарди фунти, тврди лондонски „Гардијан“.

Овој весник проценува дека до 2020 година, трошоците за војната и учеството на британската армија во авганистанската војна би можеле да нараснат и до 40 милијарди, што значи дека за финансирање на британскиот ангажман во оваа војна, секое семејство во Велика Британија платило по две илјади фунти.

Според анализата што е направена, со овие пари би можело да се ангажираат најмалку пет илјади полицајци и медицински сестри, две категории на вработени кои беа погодени со отпуштањата од јавниот сектор, со владината програма за штедење и за скратување на трошоците од буџетот. Парите за војната во Авганистан се доволни, не само за нивното вработување, туку и за покривање на платите до крајот на нивниот работен век.

Лондонскиот весник тврди и дека освен огромниот трошок за одржување на британскиот воен контингент од десетина илјади војници и воен пресонал и за војувањето, нема ни голем успех во остварувањето на основната цел од воената интервенција од есента 2001 година, а тоа е внатрешната стабилност и безбедност на Авганистан.

Поранешниот цивилен советник на британската Влада во три воени интервенции-во Ирак, Авганистан и во Либија-Френк Лидвиџ, за „Гардијан“ изјави дека авганистанската провинција Хелманд, каде се стационирани Британците, каде тие ги водат најголемиот дел од операциите, и во која се регистрирани речиси сите британски жртви, сега не е ништо побезбедна од 2006 година кога британската војска ја презеде контролата за безбедноста во провинцијата.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја