Британскиот генерал Џон Лоример изјави во Кабул дека авганистанската армија е веќе ефективна сила во Авганистан и на фронтот и покрај зголемените загуби на домашните безбедносни сили.
Според генерал Лоример, авганистанските војници покажуваат издржливост во нивната пресметка со талибанците и во нападите на бунтовниците.
Нападите на талибанците предизвикаа голем број цивилни жртви, во текот на минатата недела, а авганистанската полиција потврди дека бројот на полицајците убиени на должност, во текот на првите шест месеци годинава е двојно поголем, во споредба со минатата година.
НАТО ќе им ја предаде обврската безбедносната контрола на земјата на авганистанските сили, пред повлекувањето на меѓународните сили, до крајот на 2014 година.
Во Авганистан се уште има осум илјади британски војници кои со Америкаците, чиј контингент и понатаму е далеку најголем, претставуваат главната сила од меѓународниот контингент.
Во Кабул се уште траат преговорите со авганистанските власти околу тоа колку странски војници ќе останат во Авганистан по 2014 година и со каков статус.
Британците преговараат за бројот на војниците и офицерите кои треба да останат во следните неколку години, за обука на домашните безбедносни сили.