НАТО и авганистанските сили убиле 14 бунтовници за време на нападот на исламистите врз базата на НАТО во Источен Авганистан, соопшти меѓународната коалиција во таа земја.
Неколку бунтовници, со опасен експлозив, ја нападналде базата. Убиени се 14 од нив, пренесува, Ројтерс.
Одговорноста за нападот во провинцијата Кост, во близина на границата со Пакистан, ја презедоа талибанците, пренесува АФП.
Оваа провинција е упориште на мрежата Хакани поврзана со талибанците.