Во Авганистан денес загинаа 11 члена од едно семејство откако мини-автобусот со кој патувале налетат на мина, соопштија властите.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар, Џавет Фајсал изјави дека утрово мини-автобусот налетал на мина на пат северозападно од градот Кандахар и во тој момент животот го загубиле осум жени, еден маж и две деца, пренесе „Асошиејтед прес“.
-Тие беа членови на исто семејство и тргнаа на прослава на веридба на својот син во домот на невестата, наведе Фајсал.
Елена Георгиевска