Авганистан: Најмалку петмина цивили загинаа во самоубиствен напад врз НАТО конвој

Од:

Најмалку петмина авганистански цивили загинаа, а 25 се повредени денеска при самоубиствен напад врз конвој на НАТО силите во земјата во провинцијата Каписа, североисточно од главниот град Кабул, соопшти локалната полиција.

Одговорноста за нападот ја преземаа талибанците. Во нападот нема повредени војници од ИСАФ мисијата.

Портпарол на талибанците изјави дека 12 американски војници се убиени или повредени во нападот. Исламистичките бунтовници редовно го зголемуваат бројот на жртвите во своите напади.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан