Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во експлозии на бомби сокриени во мотор и автомобил, во елитна населба во близина на авганистанскиот град Кандахар, соопштија официјални лица.
Експлозиите се случиле во населбата Аино Мина во чија изградба учествуваше помладиот брат на претседателот Хамди Карзаи, Аино Мина.
Се уште никој не ја презеде одговорноста, но нападот врз населбата која претставува симбол на моќ и влијание во Авганистан, би можел да им биде од корист на Талибанците, оцени агенција „Асошиејтед прес“.
Автомобилот-бомба и мотоциклот кои биле паркирани во близина на ресторан се активирани со далечинско управување за време на вечера. Меѓу загинатите има и тројца полицајци.
Елена Георгиевска