Авганистанските сили за безбедност утрово убија четворица тешко вооружени мажи, кои се обидоа да нападнат хотел, посетуван од западни државјани во дипломатски кварт во Кабул, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Мохамад Ајуб Саланги.
– Четворица напаѓачи, вооружени со гранати и три автомати „калашљиков“ АК-47 беа убиени во квартот Вазир Акбар Хан. Во нападот нема жртви меѓу војниците и цивилите, рече тој.
Нападот почна во 23.00 часот по локално време и заврши рано утрово. Цела ноќ во областа имаше жестоки престрелки и силни експлозии.
Одговорност за нападот презедоа талибанците.