По земјотресот кој што денес го погоди источен Авганистан и поплавите во провинцијата Балк, загинаа најмалку 33 лица, соопштија официјални лица.
Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтерова скала, кој се почувстува околу 14 часот, беше забележан и во индијската претстолнина Њу Делхи.
Потресот е забележан на длабочина од 65 киломентри, а епицентарот бил 11 километри од Мехтар Лама, главниот град во источната провинција Лагман, објави Американскиот гелолошки завод.
-Најмалку 18 лица загинаа во провинциите Нангархар и Кунар, но за жал се очекува бројот да се зголеми,изјави порпаролот на авганистанската Црвена полумесечина.
Во поплавите кои што беа предизвикани од обилниот дожд во северната провинција Балк денес загинаа 15 лица, изјави членот на владата Фазел Хадиди.
-Поплавите оштитија речиси 1.000 куќи и уништија стотици хектари обработено земјиште.
Најтешко погодени се сиромашните села, но загрижени сме што повторно паѓа дожд – изјави портпаролот на владата на провинцијата Мунир, Ахмед Фарад.
Елена Георгиевска