Околу 50 авганистански девојчиња утрово се хоспитализирани, поради труење со токсичен гас, за кој се претпоставува дека се одговорни екстремисти кои што се против образование на жените во Авганистан.
-Педесетина ученички од средно училиште, од истокот на државата утрово се примени во болница, затоа што се жалеле на главоболка и вртоглавица-изјави порпаролот на локалната власт, Рохулах Самон.
Се уште никој не презеде одговорност за труењето на ученичките, а истрагата за инцидентот е во тек.
Во текот на изминатите две години, имаше повеќе од десетина вакви напади во Авганистан. Минатата година полицијата приведе повеќе од 18 осомничени, поврзани со нападите.
Властите веруваат дека ова е дело на исламски екстремисти кои што се против образование на девојчињата.
Елена Георгиевска