Аукција на одземени луксузни автомобили од синот на претседателот на Екваторска Гвинеја

Од:

Аукциска куќа во Швајцарија треба да продаде 25 луксузни автомобили, меѓу кои неколку ферари, ролс-ројс и ламборџини, кои беа запленети од страна на властите во Женева од синот на претседателот на Екваторска Гвинеја за време на истрага во врска со „перење пари“.

Швајцарските власти соопштија дека продажбата се очекува да достигне околу 18,5 милиони швајцарски франци, додека средствата ќе одат во добротворни цели во Екваторска Гвинеја.

Аукцијата беше организирана откако Обвинителството во Женева во февруари објави дека го затворила случајот против Теодор Нгуем Обианг Мангу, син на повеќедеценискиот државен претседател Теодор Обианг и уште две лица, по истрагата за „перење пари“ и лошо управување со јавните средства.

Швајцарските власти ги запленија автомобилите и една јахта во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ