Атентаторот на Маргарет Тачер го посети местото на нападот во Брајтон на 30 – годишнината од атентатот

Од:

Поранешниот припадник на паравоената Ирска републиканска армија (ИРА) Патрик Меги, кој во 1984 година подметна бомба во хотелот „Гранд“ во Брајтон, за да се убие тогашниот британски премиер Маргарет Тачер, се врати во овој приморски град, на југот од Англија, за да учествува во специјалната панел дискусија по повод 30 годишнината од овој напад.

Од подметната бомба што ја смисли и постави Меги, загинаа пет лица, десетина беа повредени, но Тачер и нејзниот сопруг, кои беа во централниот дел од на најголемиот и најотмениот хотел во Брајтон, останаа неповредени. Тачер учествуваше во работата на есенскиот конференција на својата Конзервативна партија, на која покрај партиски делегати, беше и целиот состав на владата, како и сите ториевски пратеници.

По атентатот, беше покрената потрага по извршителите на нападот, па Меги беше најден и уапсен. Беше осуден на осум доживотни казни затвор, но во затворската ќелија остана 13 години, затоа што беше ослободен во 1999 година, врз основа на спогодбата од Велики Петок, за мир во Северна Ирска.

Во текот на работата на панел дискусијата, некогашниот атентатор се сретна и разговараше и со ќерката на еден од петмината убиени во нападот, која исто така учествуваше во расправата.

Лорд Тебит, кој во 1984 година беше министер за индустрија и трговија во владата на Тачер и делагат на конференцијата, одби да биде дел од расправата во Брајтон, по повод 30 годишнината од бомбашкиот напад. Во авторски текст во проториевскиот „Дејли Телеграф“ Тебит изјави дека не верува оти било кога ќе може да му прости на атентаторот.

– Не можам никогаш да ја заборавам креатурата која го испланира и го изведе тој напад, напиша лорд Тебит во весникот.

Овој висок функционер на Конзервативната партија и неговата сопруга беа затрпани во урнатините на хотелот „Гранд„.Двајцата беа потешко повредени,додека неговата опруга остана траен инвалид,од повредите во пределот на рбетот.
Атентатот врз Тачер, ИРА го изведе во знак на одмазда за смртта на нивниот припадник Боби Сендс кој умре во затворот Мејз во Белфаст, како последица на штрајкот со глад. Тогашната британска премиерка одби било какви разговори околу неговиот случај, инсистирајќи дека Велика Британија не преговара со терористи.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство