Атентатор самоубиец во авганистанската престолнина Кабул се крена во воздух до автобус што превезувал војници, пренесоа британските медиуми.
Во нападот загинале четворица авганистански офицери од воено-воздухопловните сили, а уште петмина војници се ранети.
Според наводи на полицијата, цел на атентаторот бил токму автобусот со војници.
Експлозијата е регистрирана во зоната со високо ниво на безбедност, во близина на универзитетот во Кабул.
Во текот на ноќта во градот имаше силна експлозија крај една од зградите на универзитетот, пренесе ИТАР-ТАСС.