Група астрономи открија сложени органски молекули на една млада ѕвезда, кои помагаат во формирањето на материјата неопходна со создавање на живот, што наведува на заклучокот дека условите во кои настанале Земјата и Сонцето не се уникатни, објави научниот магазин „Нејчр“.
– Сега имаме докази дека ист хемиски состав постои и на дриго место во Вселената, во подорачја каде би можеле да се формираат сончеви системи што не би се разликувале многу од нашиот, изјави раководителот на истражувачкиот тим Карин Ојберг.
Со помош на прецизниот телескоп во Атакама во Чиле, асторономите го истражувале ротирачкиот диск што ја опкружува ѕвездата МВВЦ 480, при што откриле присуство на метил цијанид, хемиска супстанца составена од водород, јаглерод и азот.
Научниците утврдиле дека количеството на овој органски материјал е речиси идентичен со количеството за кое се верува дека постоело во раниот развој на нашиот Сончев систем, што би било доволно за формирање живот.
– Веруваме дека она што некогаш се случувало во Сончевиот систем, вклучително и на Земјата, сега се случува и на друго место во Вселената, истакнува Ојберг.
Ѕвездата МВВЦ 480 се наоѓа во созведието Бик на оддалеченост од 455 светлосни години од Земјата. Таа има маса осум пати поголема од Сонцето и е десет пати посјајна од него. Околку оваа ѕвезда има диск од гасови, но астрономите засега не утврдиле показател за формирање на планети.