Ашраф Гани инаугуриран за нов претседател на Авганистан

Од:

Поранешниот авганистански министер за економија Ашраф Гани е инаугуриран денеска во Кабул за нов претседател на Авганистан.

Инаугурацијата доаѓа по шест месечната блокада на политичкиот живот во оваа средноазиска земја, што настана по претседателските избори и пребројувањето на гласовите, при што противкандидатот на Гани на изборите, поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула, обвинуваше за изборна измама и за „грабеж“ при броењето на гласачките ливчиња.

Блокадата беше надмината со посредство на САД и американскиот план за поделба на власта меѓу двајцата кандидати на претседателските избори.

Во новата Влада на национално единство, Гани е новиот претседател, а Абдула ја презема одговорноста за извршната власт.

Во иднина тој ќе ја има функцијата на премиер, која сега не постои во политичкиот ситем на земјата.

Талибанците го осудија договорот меѓу Гани и Абдула, нарекувајќи го „срамен“ и критикувајќи го дека е напревен по „диктат на Америка“.

Но претседателот Гани го оцени како „голема победа“ за Авганистан.

На свечената церемонија на инаугурацијата, во претседателската палата во Кабул, Гани го нараче денешниот ден „исклучителен момент“ за земјата, затоа што ова е прв демократски пренос на власта во оваа земја.

Инаугурацијата на новоизбраниот претседател го означи и крајот на управувањето на Мохамед Карзаи кој беше на чело на земјата уште од американската воена интревенција во октомври 2001 година.

Карзаи ги повика Авганистанците да ја поддржат новата Влада. Преност на власта се оддржа во услови на силни безбедносни мерки, поради кои малку луѓе имаше на улоците од главниот град, а најголемиот број од продавниците беа затворени.

Првата задача на новата власт ќе биде потпишувањето на договорот со САД, со кои ќе се обезбеди продолжување на престојот на американските војници и после 31 декември оваа година, Гани и Абдула го подржуваа потпишувањето на овој договор, додека Карзаи беше против.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски