За 24 часа ќе се знае дали Џулијан Асанж ќе добие азил во Еквадор. Заменик министерот за надворешни работи, Марко Албуха, изјави дека националната влада го разгледува случајот со основачот на Викиликс, кој прибежиште побара во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Еквадорскара левичарска влада, на Асанж уште во 2010 година му понуди азил, во нак на „симпатии“, по откривањето на тајните америкамски документи.
Асанж, минатата недела се обиде со сите правни средста да го спречи испорачувањето во Шведска, поради обвинение за наводни сексуални злосторства, и затоа во петокот побара азил во амбасадат на Еквадор.
Амбасадата најави дека за одлуката ќе побара милсење и од Велика Британија, Шведска и САД, за да биде сигурна дека не крши некој меѓународен закон.