Асанж се согласи да биде испрашуван во еквадорската амбасада во Лондон

Од:

Основачот на Викилис, Џулијан Асанж се согласи да биде испрашуван во Амбасадара на Еквадор во Лондон во врска со тврдењата за сексуално злоставување, изјави денеска неговиот шведски адвокат.

Асанж се наоѓа во оваа Амбасада од јуни 2012 година, со цел да го избегне екстрадирањето во Шведска поради наводите за сексуално злоставување на две жени во 2010 година, што тој категорично го демантира.

Шведските истражни власти минатиот месец соопштија дека сакаат да го сослушаат Асанж во Лондон, отстапувајќи од претходните барања тоа да го направат во Шведска.

– Сега ја чекаме реакцијата на обвинителите, изјави Томас Олшон, адвокатот на Асанж, додавајќи дека очекува да стапи во контакт со обвинителот со цел да се разгледаат деталите.

Австралискиот државјанин изјави дека стравува оти доколку Велика Британија го екстрадира во Шведска, тој потоа ќе биде предаден на САД, каде ќе му се суди за едно од најголемите обелоденувања на информации во американската историја, кога пред пет години беа објавени американски воени и дипломатски документи.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА