Асанж: САД да престанат со ловот на вештерки

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж се обрати прв пат во јавноста од март годинава од терасата на амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој повика на ослободување на новинарите и на општа борба против репресијата, но не кажа ништо за натамошните чекори.

Асанж кој се крие 61 ден во амбасадата на Еквадор од каде што доби азил, рече дека благодарејќи на храброста на насобраните и на лидеррот на Еквадор е спречена рација на британската полиција.

„Овде сум денеска бидејќи не можам да бидам меѓу вас. После заканите на полицијата дека ќе влезе во оваа зграда, вие излеговте ги доведовте со себе очите на светот. Слушнав како полицијата во темница влегува во амбасадата, но не одеа до крај благодарејќи ви вам, бидејќи цел свет ги гледаше“, рече Асанж.

И покрај очекувањата, Асанж не кажа ништо за неговите идни потези, ниту за тоа дали има намера да излезе од амбасадата која со денови е опколена со полиција од сите страни.

Асанж на кого британските власти му се закануваат со апсење рече дека би требало да се искористи овој момент за да се „артикулираат револуционерните идеи и вредности врз кои беа создадени САД“.

„Или тоа, или ќе попуштиме пред сето она што денес се случува, ќе попуштиме пред репресијата поради која новинарите се плашат и мораат да молчат, поради која се шепоти само во темницата“, рече Асанж.

Тој повика на ослободување на американскиот војник Бредли Менинг кого го нарече „најголемиот политички затвореник на денешницата“, а се осврна и на случајот „Пуси Рајот“ и рече дека многу денес работат против слободата на говорот и мислењето.

„Тие се обединуваат во репресијата, ние мораме да се обединиме против репресијата. Војната на САД против „бунтовниците“ мора да престане, мора да се стави крај на истрагите против новинарите, без разлика дали се работи за „Викиликс“ или „Њујорк Тајмс“. Го повикувам Барак Обама да го запре ловот на вештерки“, рече тој.

Тој кажа и дека наскоро ќе се одржи итен состанок на јужноамериканските лидери.

„Овој петок шефовите на дипломатиите на Латинска Америка ќе се состанат во Вашингтон за да расправаат на оваа тема. Им благодарам на Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Колумбија, Ел Салвадор, Хондурас, Мексико, Никарагва, Перу, Венецуела и на сите други кои кои ги бранат нашите права и правото на азил. Им благодарам и на луѓето во САД, Британија и Шведска кои не се согласуваат со своите влади, а благодарам и на паметните глави во тие влади кои сеуште се борат за правдата-наскоро ќе дојде вашето време“, порача Асанж.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска